Bible

Engage

Your Congregation Like Never Before

Try RisenMedia.io Today!

Click Here

1 Corinthians 5

:
Macedonian - 1990
1 Од секаде се слуша дека кај вас има блудство, и тоа какво блудство, за какво не се зборува дури ни при незнабошците, односно дека некој држи таткова жена.
2 А вие уште се гордеете, место да плачете. Нека се исфрли од вашата средина оној, што го направил тоа дело.
3 Јас, пак, иако со телото не сум при вас, а само со духот, веќе го осудив, како да сум меѓу вас, оној, што го направил тоа.
4 Во името на нашиот Господ Исус Христос, кога ќе се соберете вие и мојот дух, со силата на нашиот Господ Исус Христос,
5 да го предадете на сатаната, за мачење на неговото тело, та духот негов да биде спасен во денот на нашиот Господ Исус Христос.
6 Фалбата ваша не е добра. Не знаете ли дека малку квас го потквасува целото тесто?
7 Затоа, очистете го стариот квас, та да бидете ново тесто, како што сте бесквасни; оти Христос, Пасхата наша, се закла за нас.
8 Па да празнуваме не со стар квас, ниту со квас од злоба и лукавство, туку со пресни лебови во чистота и вистина.
9 Ви пишав во писмото свое да не се мешате со луѓе што блудствуваат,
10 но не и општо со блудници од овој свет, или со користољубци, или со грабачи, или со идолопоклоници, оти, инаку, би требало да излезете од овој свет.
11 Но сега ви пишувам да не се дружите со оној, кој наречувајќи се брат, си останува блудник, или користољубец, или идолопоклоник, или хулник, или пијаница, или грабач; со таков дури и да не јадете.
12 Зашто, моја работа ли е да ги судам надворешните? Не ли ги судите вие внатрешните?
13 Надворешните, пак, ќе ги суди Бог, а вие исфрлете го лошиот помеѓу вас.